Кампањата „Вдоми куче, вдоми љубов“ продолжува (ВИДЕО)

Сподели

 

ЈП Лајка е благодарна и задоволна од одзивот на граѓаните кои се заинтересирани за вдомување на кучиња од нашиот стационар.

Сакаме да истакнеме, дека со текот на нашето работење свеста кај граѓаните за вдомување на кучиња од нашето прифатилиште значително порасна. Со забрзано темпо се вдомуваат кучиња кај нас, но и во странство.

Соработката со граѓаните е клучна за нашиот успех, ви благодариме на сите за довербата. Сакаме да ве потсетиме дека уште многу кучиња си го бараат својот дом, доколку сте заинтересирани за вдомување испратете порака на следниов маил vdomi@lajka.com.mk.

На овие мили кучиња ИТНО им бараме дом, бидејќи наскоро ќе мораат да бидат вратени на улица.

 

 

Во прилог погледнете го видеото, сите кучиња од видеото се достапни за вдомување.