Алтернатива Вести Македонија Настани Ударни вести

Карпош го поддржа првиот инклузивен буквар

Сподели:

 

Инклузивна сликовница – буквар е подготвен на кирилична, знаковна и брајова азбука за децата од прво одделение. Станува збор за литературно дело кое е подготвено од Гордана Симоновска – Момироска, а за истото даде поддршка и општина Карпош.
 
 
 
 
Инклузивниот буквар овозможува поедноставно учење на македонската азбука и подготовка на учениците за основно образование. Истата поттикнува и двонасочна комуникација, а со креативните илустрации се овозможува и развој на когнитивните вештини, вклучително и на децата со попреченост.
 
 
 
 
Инклузијата, во овој случај подразбира дека сите деца имаат можност да учат од исти буквар и паралелно да дознаваат за различностите, кои не треба да претставуваат пречка туку мотив за соработка и поголема другарство меѓу младите.
 
 
 
 
Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев имаше средба со авторката Момироска. Тие разговараа и за другите активности кои локалната самоуправа ги презема на полето на детска заштита и унапредување на правата на лицата со попреченост.
 
– Во општина Карпош имаме три инклузивни детски игралишта (во Влае 2, Тафталиџе и Карпош 2), а постојано работиме и на опремување на сензорните соби во основните училишта. Со овој инклузивен буквар, само дополнително се уриваат бариерите и се овозможуваат еднакви услови за учење на сите деца. Сепак, на ова поле имаме уште многу работа, рече Богоев.
 
 
 
 
Оваа инклузивна сликовница ќе биде достапна и во училишните библиотеки на територија на Карпош, а истата, од училиштата можат да ја набават и сите родители.
Сподели: