Ким Јонг Ун пристигна во Русија на средба со Владимир Путин

Сподели

 

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун утринава пристигна во посета на Русија, каде треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Разговорите треба да се фокусираат на соработката меѓу двете земји и на ситуацијата во регионот.

“САД се сомневаат дека првенствено ќе се работи за договори за оружје меѓу Русија и строго изолираната Северна Кореја. „Секое пренесување на оружје од Северна Кореја во Русија би било кршење на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН“, предупреди портпаролот на американскиот Стејт департмент.

Северна Кореја веројатно располага со десетици милиони артилериски гранати и ракети од советски тип кои огромно би ѝ помогнале на руската армија во борбата против украинските војници. За возврат, Северна Кореја би можела да ја добие потребната енергија и помош во храна, како и напредни технологии за оружје, вклучително и оние за интерконтинентални балистички ракети, нуклеарни подморници и воени извидувачки сателити”, – пренесува Дојче веле

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги отфрли американските извештаи дека на состанокот ќе се разговара за склучување договор за снабдување со оружје.

– Додека ги негуваме односите со нашите соседи, вклучително и со Северна Кореја, интересите на нашите две земји ни се важни, а не предупредувањата на Вашингтон.