Кино-проекција на филмот „ОСЛОБОДУВАЊЕТО НА СКОПЈЕ“

Сподели

 

Градот Скопје ги поканува граѓаните на одбележувањето на 80-годишнината од основањето на Првиот скопски партизански одред (22 август 1941 – 22 август 2021) што ќе се одржи вечер, пред Споменикот на одредот во Карпош 3.

Програмата по повод одбележувањето на овој значаен датум во нашата понова историја ќе почне во 19 часот со положување цвеќиња пред паметникот, а потоа ќе следува кино-проекцијата на филмот „Ослободувањето на Скопје“, во режија на Раде и Данило Шербеџија.

Првиот скопски партизански одред претставува никулец на организираното народно-ослободително движење во Македонија на кој се надоврзуваат прилепскиот, кумановскиот, вториот скопски, велешкиот, битолскиот партизански одред…. бригадите, баталјонот „Мирче Ацев“, па се до дивизиите и корпусите. Во партизанските редови на одредот биле 42 партизани од кои 17 го загубиле животот во текот на војната, а од нив тројца – Александар Урдаревски, Раде Јовчевски-Корчагин и Боро Петрушевски се прогласени за народни херои.