Кинотека на Македонија: ХАЈ-ФАЈ -Горан Стефановски

Сподели

Кинотека на Македонија, ХАЈ-ФАЈ, ОМАЖ: ГОРАН СТЕФАНОВСКИ, игран филм, Македонија, 1987 г., 102 мин., колор, ДЦП

Режија: Владимир Блажевски

Сценарио: Горан Стефановски

Улоги: Данчо Чевревски, Фабијан Шоваговиќ, Мето Јовановски, Вукосава Донева

Преку фрагмент од животот на Борис и неговиот син Матеј, филмот зборува за судирот на генерациите, за создадениот јаз поради идеолошката обоеност. Политичкиот затвореник Борис, по неколкуте години минати во затвор, се враќа дома. Во станот во кој по разводот со жената живее сам, вселен е неговиот син Матеј. Синот е веќе возрасен човек кој се обидува да заработи и да се афирмира како музичар. Начинот на кој живее Матеј, неговата врска со девојката Мира и луѓето со кои тој контактира не му се допаѓаат на Борис, и за тоа ја обвинува поранешната сопруга, која е успешна во професионалната кариера, но затоа нема авторитет кај синот и единственото што може да го направи е да ја обезбедува неговата материјална егзистенција. Уште еден неочекуван пораз го погодува Борис. Жената со која сака да го помине преостанатиот дел од животот, умира.