МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов”

Сподели

Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија во 2016 година.

На годинашниот конкурс се пријавиле 39 автори, со 69 стории, обработени во 97 текста/прилози, објавени на интернет портали, телевизии и во неделници.

Наградата за најдобра истражувачка сторија се доделува традиционално по шеснаесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.