Алтернатива Настани Ударни вести

Кинотека на Македонија: „Уредник со причина“- Влатко СТЕФАНОВСКИ

Сподели:

Кинотеката на Македонија овој месец ќе го воведе филмскиот циклус „Уредник со причина“ преку кој ќе бидат прикажувани филмови избрани од некоја јавна личност. Прв уредник на филмови ќе биде на гитаристот Влатко Стефановски.

„Програмата ќе претставува филмска селекција која го потенцира персоналниот аспект на доживувањето на едно филмско дело и секој месец една јавна личност ќе има можност и слобода да биде „филмски уредник“,
Како еден од најпознатите и најуспешни македонски музичари со сестран опус, велат од Кинотека, разбирливо е селекцијата на Стефановски да се состои од филмови со моќна музичка подлога. По негов избор на 26 февруари ќе биде прикажан „Париз, Тексас“ на Вим Вендерс (1984), на 27 февруари македонскиот „Мирно лето“ на Димитрие Османли (1961) и на 28 февруари – „Големата убавина“ на режисерот Паоло Сорентино (2013). По проекцијата на „Големата убавина“, Влатко Стефановски ќе се дружи со публиката со која ќе разговара за филмовите од програмата.

Сподели: