Алтернатива Настани

КИНОТЕКА: Проекција на филмот ВТОРА ШАНСА – Марија Џиџева

Сподели:

 

Во кинотека на Македонија на 17. септмври во 18:00 часот и на 18. септември со почеток во 20 часот, ќе се прикажува ВТОРА ШАНСА 
(Second chance), Игран филм, С. Македонија, 2019, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Марија Џиџева (Marija Dzidzeva)

Сценарио: Огнен Георгиевски (Ognen Georgievski)

Улоги: Мирјана Карановиќ, Даниела Иваноска, Наталија Теодосиева, Јорданчо Чевревски, Димитар Ѓорѓиевски, Дениз Абдула, Златко Митрески (Mirjana Karanović, Daniela Ivanoska, Natalija Teodosieva, Jordanco Cevrevski, Dimitar Georgievski, Deniz Abdula, Zlatko Mitreski)

Дебитанскиот филм на Џиџева, ВТОРА ШАНСА, е драма која се случува за време на воениот конфликт во Македонија. Во оваа приказна се преплетуваат три судбини на три жени, кои поради серија на индиректно поврзани настани се приморани самите да се жртвуваат или да жртвуваат некого за нивната цел. Секоја на свој начин се бори со сопствените внатрешни демони, обидувајќи се да не ја изгуби својата хуманост, и на крај да не се изгуби самата себе си. Навлегувајќи во животите на овие три жени, како и на мажите кои ги опкружуваат, филмските приказни продираат во психологијата и патологијата на општествениот систем, кој живее во агонијата на бескрајниот период на транзиција и, се преплетуваат во климакс, во кој само публиката е сведок на нивните меѓусебни влијанија. Иако навидум политички ангажирана и мрачна, ВТОРА ШАНСА се фокусира на меѓучовечките однос во крајно нехумани услови со цел да го пронајде и да го потенцира она што е најсветото во нас: љубовта и надежта.

По проекцијата на филмот следува разговор со режисерката Марија Џиџева

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

Сподели: