Овој викенд, подводниот свет на Охридско Езеро со централна локација во Автокамп Градиште беше почист и побезбеден благодарение на големата регионална еколошка акција организирана од Нуркачки Центар Амфора.

Вкупно 80 нуркачи се обединија со заедничка мисија – заштита на едно од најстарите и највредните природни богатства во Европа.

Голема благодарност до сите нуркачки клубови и тимови кои учествуваа во акцијата:

Нуркачки Центар Амфора – МК, Завод и Музеј Охрид – МК, Црвен Крст Охрид – МК, КПД Охрид – МК, СНК Врело – МК, ЕНК Пена – MK, САЕ Тигар – MK, БСН Волци – MK, KPA Marsonia – HR, Triton Tec Team – RS, SRK Shark & SRK Vitez – BA.
Заедно отстранивме големо количество отпад од дното на езерото и уште еднаш покажавме дека регионалната соработка може да направи вистинска разлика за природата и идните генерации, информираат од Нуркачкиот Центар Амфора.
Голема благодарност до оние кои го поддржаа овој проект: SSI, Општина Охрид, Бучен Козјак, Admiral, Винарија Охрид, СКОПСКО, Digital Box, Ресторан Острово, Хотел Два Бисера, Вила Бисера, Инекс Олгица Хотел & Спа, Хотел Тино & СПА, Автокамп Градиште.


