Кој со кого ќе игра во баражот за пласман на СП 2018 во Русија – Ова се двојките (видео+фото)

Сподели

ФИФА во своето седиште во Цирих ги извлече двојките за баражот за пласман на Светското првенство во Русија 2018.

Ждрепката сакаше да се сретнат, Северна Ирска-Швајцарија, Хрватска-Грција, Данска-Република Ирска и Шведска-Италија.

Првите натпревари ќе се одиграат од 9 до 11 ноември, а реваншите од 12 до 14 ноември. Бараж натпревари ќе играат и Перу- Нов Зеланд и Хондурас-Австралија.

Светското првенство во Русија ќе се одржи наредната 2018 година од 14 јуни до 15 јули.

Инсерти од ждрепката…

The post Кој со кого ќе игра во баражот за пласман на СП 2018 во Русија – Ова се двојките (видео+фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico