Во пресрет на претстојните Новогодишни празници, Градот Скопје ги поканува сите деца и млади на возраст до 18 години од Скопје, да ги испратат своите искрени новогодишни желби.
Конкурсот „Скопје ги слуша детските желби“ почнува од утре (5 ноември) и ќе трае до 1 декември 2026 година.
За учество на конкурсот, во прилог со новогодишната желба, потребно е да се наведат името и презимето на детето и неговата возраст, како и името и презимето на родителот и информација за контакт (меил адреса и телефонски број на родителот). Потребно е да се прикачи и потпишана Согласност, која е достапна на линкот https://skopje.gov.mk/mk/
Детските новогодишни желби заедно со потпишаната Согласност треба да се испратат на меил адресата Poddrskanagradonachalnik@


