Конкурс за наградата „Горан Стефановски“ за драмско дело на автори до 30 години

Сподели

Драмски театар отвори јавен повик за драмски текст, за востановената награда „Горан Стефановски“, за најдобар текст од македонски млад автор до 30 години.

– Наградата треба да го стимулира драмското творештво на младите автори кои низ изведбите ќе живеат на сцената на Драмскиот театар, претстави кои ќе го отсликуваат времето во коешто живееме – рече директорот Вељановски.

Преку овој чин се оддава почит и се чува споменот за Горан Стефановски и неговата улога во развојот на македонската драматургија и театар.

Рокот за поднесување пријава и друга потребна документација е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот.

Конкурсот за оваа година е отворен од  денеска,  6 февруари, и ќе трае до 20 февруари.