Алтернатива Настани

Концерт во Хераклеа: 25 години “ФОЛТИН”

Сподели:

 

Човек е роден да памети. Роден со дарба за сеќавање. А добрите спомени го вадат најдоброто од нас. Ги чуваме за да нé крепат подоцна, да нé потсетат на тоа што ни недостасува, на тоа што веќе го нема, а ние не можеме без него. Затоа, добрите спомени треба да се слават.
 
Љубена битолска публико, ве каниме заедно да го прославиме сеќавањето на нашиот прв самостоен концерт со авторска музика, одржан на 16 август 1996 година, во Хераклеа. Дојдете повторно, на 21 август, на истото место, да ги славиме сите наши прекрасни средби во долгите 25 години свирачка историја на групата. Четврт век – кратко за еден живот, но значајно долго за музички бенд и неговата верна публика!
 
Да живее живата музика! Од Битола за битолчани! Ваш, отсекогаш и засекогаш, Фолтин.
 
Ексклузивен спонзор – @Kromberg & Schubert Macedonia
Концертот е финансиски поддржан од Општина Битолa
Голема благодарност до МКЦ – Битола
Сподели: