Во октомври 2026 година, во Лабораторијата за уметничка технологија, конзервација и реставрација на уметнички дела – CARE Lab при Факултетот за ликовни уметности во Скопје, заврши конзерваторско-реставраторскиот третман на монументалната слика „Тешкото“ од Никола Мартиноски (1952–1953).
Делото е масло на платно, со димензии 350,8 × 99,6 сантиметри (со рамка 365,5 × 115 сантиметри), а во сопственост на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Третманот беше изведен во рамките на проектот „Конзервација на сликата „Тешкото“ – зачувување на културното наследство“, финансиран од средствата за информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2026 година.

Работата се засноваше врз принципите на зелената и одржлива конзервација, со водени системи за чистење, минимална интервенција и почитување на материјалниот интегритет на делото. Реализацијата на проектот претставува придонес кон интегрирањето на современите конзерваторски методологии во високото образование и кон поврзувањето на научните сознанија со практичната заштита на културното наследство.
Ментори и раководители на конзерваторско-реставраторскиот третман: м-р Марија Сотировска-Богдановска, доцент, и м-р Маријета Сидовски, насловен доцент и виш конзерватор-реставратор.
Студенти кои го имаат избрано наставниот предмет Заштита и реставрација:
учесници во локалната превентивна заштита на делото: Даниела Дамјаноска, Ивана Денчевска, Михаела Димитровска, Џина Димковска, Јована Кирјаковска, Ана Маленкова, Анастасија Недељковска, Бојана Николова, Ана Ристеска и Наталија Стојанческа;
учесници во конзерваторско-реставраторскиот процес: Трајче Томов, Андреј Антевски (II циклус), Марија Костадиновска и Бојана Цилевска.
фото ФЛУ


