Костадинов: Aнтизападниот пион на Груевски, Мицкоски да каже каква е неговата поврзаност со компанијата Енерготек

Сподели

Антизападниот пион на Никола Груевски, Христијан Мицкоски, вчера повторно побегна од јавноста.

Од поврзаноста со криминалите на Никола Груевски не може да се побегне.

Наместо да се крие зад конфузни и нејасни реакции, антизападниот и антинародниот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да одговори:

Каква е поврзаноста на антизападниот Мицкоски со компанијата Енерготек ДОО Скопје?

Дали оваа компанија учествувала во конзорциум што добил концесија за користење на вода и закуп на земјишта за мали хидроцентрали, од Владата на неговиот ментор Никола Груевски?

Дали тоа што бил советник на носителот на криминалот Никола Груевски, му помогнало на антизападниот Мицкоски?

Очигледно е дека постојат причини поради кои антизападниот Мицкоски ги следи погубните политики на неговиот Груевски и затоа по секоја цена се обидува да ја закочи иднината.

Ова е уште една причина преостанатите пратенции на ВМРО-ДПМНЕ да ги напуштат овие антизападни и криминални политики на Груевски и Мицкоски и да се приклучат на процесите што обезбедуваат иднина во ЕУ и НАТО.