Кристијано Роналдо во голема криза – Вака очаен не бил цели 12 години!

Сподели

Црната серија на Португалецот и понатаму продолжува …

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед повторно ги разочараа своите навивачи. Во 24. коло од Премиер лигата, „црвените ѓаволи“ ремизираа со Барнли нагости со (1:1) иако први беа во водство.

Првата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо очигледно не му одговара на новиот тренер Ралф Рангник бидејќи од неговото доаѓање Португалецот не може да ја најде својата препознатлива игра.

Роналдо не успеа да постигне гол на пет врзани натпревари, а последен пат тоа му се случи во 2010 година на почетокот на кариерата во Реал Мадрид.

фото: GETTY IMAGES

CR7 ќе има шанса да ја прекине оваа црна серија в сабота против Саутемптон.

Манчестер Јунајтед моментално ја зазема петтата позиција на табелата и има дури 18 бодови помалку од првопласираниот градски ривал, Манчестер Сити.

The post Кристијано Роналдо во голема криза – Вака очаен не бил цели 12 години! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico