Вести Македонија Ударни вести

Крстески во Загреб и Љубљана: Сукцесијата на архивските материјали треба да забрза

Сподели:

 

 
Директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески на 11 и 12 јули престојуваше во Загреб и во Љубљана, каде што оствари средби со директорот на Хрватскиот државен архив, д-р Динко Чутура и со директорот на Архивот на Словенија, д-р Бојан Цвелфар.
 
 
 
 
 
Во разговорите најмногу стана збор за процесот на сукцесија на архивскиот материјал од поранешна СФР Југославија, што е еден од приоритетите на државните архиви, како и за искуствата на Хрватска и на Словенија за спроведувањето на дигитализацијата на историските документи и материјали.
 
 
 
 
“Државниот архив, како институција е надлежна за собирање и евидентирање на архивскиот материјал за нашата историја и во таа смисла соработува и со другите државни архиви на земјите – сукцесори на поранешна СФРЈ, заради понатамошна имплементација на Анексот Д од Спогодбата за сукцесија, потпишана во 2001 година во Виена, која што ги регулира прашањата за сукцесија на архивскиот материјал. Во разговорите со колегите од Хрватска и од Словенија констатиравме дека процесот на сукцесија на архивскиот материјал треба да забрза и за таа цел договоривме соодветни услови за одржување редовни состаноци на претставници од државните архиви на земјите-сукцесори, како и заедничка директорска средба на есен во Архивот на Југославија во Белград” – изјави по средбите директорот д-р Емил Крстески.
Сподели: