ЕK од новата Влада побарала реализација на итните реформи од планот 3-6-9

Сподели

Владата има дневна отворена комуникација на сите нивоа со Европската комисија. Се расчистуваат дилеми и прашања, искрено и директно. Впрочем, реализирани се повеќе реформски чекори што се гледа и од изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје. Фокусот до крајот на годината ќе биде на спроведување на планираното, велат од МНР за МИА во врска со наводите во одредени медиуми дека Брисел ја упатил првата отворена критика за македонската Влада.

Според нив, Европската комисија преку македонската амбасада во Брисел од новата Влада побарала реализација на итните реформи од планот 3-6-9.

Комисијата забележува дека Владата на Зоран Заев премногу внимание им посветувала на односите со јавноста, место на реформите.

Брисел очекува да ги види првите реформски резултати до средината на јануари. Европската Комисија ја предупредила Владата дека ќе има негативни реперкусии доколку се влијае врз измените во законите од пакетот за медиумски реформи, област што не е во приоритите на ЕУ.

Забелешките се однесуваат и на реформите на УБК и правосудството.