Крводарителска акција на ФИНКИ и Црвен Крст – Карпош

Сподели

 

И оваа година ФИНКИ и СП ФИНКИ, во соработка со ОО Црвен Крст- Карпош и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ организираат крводарителска акција во четврток (24.12.2020).
 
Поради почитување на протоколите за заштита од Covid19, овогодинешната крводарителска акција ќе се организира во просториите на Црвен Крст – Карпош.
За запазување на сите мерки потребно е најдоцна еден ден порано да се најавите на тел. број 078/251-493 за да ви определат термин.
 
Ве покануваме и оваа година повторно да бидеме хумани, да даруваме крв и заедно да помогнеме да не згаснат човечки животи.