Oдбележување на Европска недела на мобилност со „Вело Училишта“

Сподели

 

Традиционално и овој сптември се одбележува Европската недела на мобилност која се одржува од 16 до – 22 септември.

Почнувајќи од 2002 година преку Европската недела на мобилност се врти вниманието на јавноста во обидот на подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт.

Кампањата нуди можност на сите засегнати страни да се вклучат со практични решенија за справување со урбаните предизвици. Темата за оваа година е: Zero-emission mobility for all/Мобилност со 0 емисии за сите.

На овој начин сите засегнати страни се охрабруваат да ја користат неделата за да тестираат нови мерки за транспорт и да добијат повратни информации од јавноста.

Исто така е одлична можност да се разговара за различните аспекти на подвижноста и квалитетот на воздухот, да се најдат иновативни решенија за намалување на употребата на автомобили и емисиите на транспорт, како и да се тестираат новите технологии и мерките за планирање.

Во рамките на тој период нашиот веќе препознатлив настан Вело Родео како дел од програмата „Вело Училишта“ ќе го одржиме во повеќе градови низ државата:
 17.09: (17:00-20:00 часот)- Пробиштип (Плоштад Гаврил Лесновски)
 18.09: (16:00-19:00 часот)- Демир Капија (Градски парк, во близина на
игралиштето)
 20.09: (11:00-14:00 часот)- Скопје (Градски парк, кај Школка)
 22.09: (13:00- 16:00 часот)- Пехчево (Едукативен центар за зачувавање на
природата- Негрево).

Вело Родео настанот е од отворен карактер и право на учество имаат сите ученици од основните училишта од 4-то до 9-то одделение кои имаат желба да возат велосипед како и активно и едукативно да се забавуваат преку нашите едукативни игри кои ги имаме подготвено како: Еко Не лути се човече (во реална големина), Вело Меморија (мега верзија, карти и онлјан апликација), Еко квиз, Вело Маало,Твистер и многу други.

Вело Родео настанот се основа на тоа преку игра, забава и едукација, учениците да ја пренесат пораката за придобивките од возење велосипед како баланс, безбедност, сигнализација, контрола, тргнување, забрзување и запирање. 

Здружение на Граѓани ЕКО ЛОГИК Ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17
Tел: 389 02 5112716 / 389 78 365 902, veloschools.ecologic@gmail.com
ecologic.mk@gmail.com www.ecologic.mk

Оваа година Вело Родео настанот е поделен во два дела:
• Едукативен каде учениците ќе можат да учат за баланс, моторика, како и за
сообраќајните знаци и основните правила во сообраќајот за безбедно учество во истиот. Дополнително во овој дел ќе има одвоено и простор за бавна трка, преку која учениците ја совладуваат и вежбаат својата координација, рамнотежа, тргнување и запирање.
• Забавен каде учениците ќе имаат можност да ги покажат, вежбаат и унапредат сопствените велосипедски вештини преку: полигонско возење со препреки, возење во круг, возење по даски и препреки, и многу нови вежби кои за прв пат ќе бидат промовирани оваа година. Исто така, учесниците ќе имаат можност да бидат дел од креативна работилница со различен тип за секој град каде што ќе биде одржана Европската недела на мобилност.

Денес, исто така ќе биде споделен предизвик преку онлајн апликацијата Страва за најмногу поминати километри со велосипед. На предизвикот право на учество ќе имаат сите заинтересирани ученици од 6то до 9то одделение. Истовремено, во текот на неделата ќе биде отворен конкурс за литературно и ликовно творење на теми поврзани со климатските промени и размислувањата на најмладите за создавање на вело градови, вело маала.
Во текот на целата недела на одбележување, во сите градови кои ќе ги посетиме, ќе биде поставена и изложба на пристигнатите (физички цртежи) кои беа дел од минатогодишниот објавен ликовен по повод неделата на мобилност 2019.

Со голема радост Ве очекуваме заеднички да го дадеме нашиот мал придонес во подобрување на животната средина.
Настанот ќе се одвива според официјалниот протокол за организирање на јавни настани, запазувајќи ги сите здравствени мерки.
Здружение на Граѓани ЕКО ЛОГИК
Ул. Бранислав Нушиќ 13-1/17
Tел: 389 02 5112716 / 389 78 365 902
veloschools.ecologic@gmail.com
ecologic.mk@gmail.com
www.ecologic.mk

Преку оформената прва и единствена Вело мрежа на основни училишта во нашата држава кои посветено работат на темата велосипедизам се зголемува и унапредува знаењето на учениците, нивните родители, наставниците и секако пошироката јавност на темите: велосипедизам, одржлив транспорт, аерозагадување и климатски промени, безбедност во сообраќај.