Кумановскиот театар со “Љубовна терапија“ во Народниот театар Штип

Сподели

 

“Љубовна терапија“ – гостување на НУЦК “Трајко Прокопиев“ – Театар Куманово во Театар Штип, 12 декември, 20 часот
Народен театар Штип
 
Во претставата „Љубовна терапија“, работена според оригиналниот наслов „Beyond therapy” на Кристофер Дјуранг, е обработена љубовта како индивидуална потреба, љубовта (не)споделена, љубовта во и вон семејството, каде преку апликации за запознавање и тераписки средби на комичен начин се запознаваме со карактерите на ликовите и нивните меѓучовечки односи. Знаејќи за тоа колку е важно љубовта да е взаемна, се наметнува прашањето дали самата љубов може да биде терапија и дали терапиите можат да ја подобрат љубовта помеѓу поединци и поголеми човечки маси.
 
Од друга страна, ако љубовта е двигател на светот, тогаш дали едно вперување на пиштол може за момент да го сопре неговото движење и да остави последици?
Одговорите на сите овие прашања ги наоѓаме во претставата „Љубовна терапија“ во режија на Драгана Таневска. Симона Тоскиќ, драматург
Режија: Драгана Таневска
Играат: Марко Трајковиќ, Владанка Крстевски, Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска, Никица Јанковски к.г. Матеј Стојковски к.г.
Драматургија: Симона Тоскиќ
Сценографија: Крсто Богојевски
Костимографија: Драгана Таневска
Инспициент: Антонио Пешевски
Светло мајстор: Звонимир Мицевски
Тон мајстор: Оливер Илиевски
Суфлер: Виктор Величковски
Шивач: Дарко Илиевски
Гардеробер: Елизабета Накевска
Реквизитер: Лиле Зафировска
Дизајн на плакат: Матеј Стојковски
Декоратери: Јовица Николовски, Марјан Милановски, Лила Зафировска, Игор Душановски, Саљим Хамдија, Исак Јаихи и Зорица Милошевска.
Набавувачи: Снежана Стојановска
Стручен соработник за драмска дејност: Јоана Сарафимовска
Маркетинг: Орхан Дуров
Директор: Сашо Тодоровски.
 
Цена на влезница: 200 ден.
Резервации: 070 729 430 / 071 394 517 / 070 933 002