ЛАЈКА објави конкурс за најубава празнична фотогорафија со вашето куче

Сподели

 

Во пресрет на празничниот период од годината, кога социјалните мрежи се преполни со новогодишни фотографии од миленици, решивме да направиме една интересна фото креативна иницијатива, односно КОНКУРС ЗА НАЈУБАВА ПРАЗНИЧНА ФОТОГРАФИЈА СО ВАШЕТО КУЧЕ.
 
Во изминатите две години во нашата земја се вдомени преку 300 кучиња од прифатилиштето на ЈП ЛАЈКА, па ги покануваме сите досегашни вдомувачи да се пријават и учествуваат на овој конкурс со своите миленици од “Лајка”, а секако поканата за учество е отворена и за сите останати сопственици на кучиња.
 
ПРАВИЛА НА УЧЕСТВО:
 
Секој сопственик може да учествува со со најмногу 3 фотографии и е потребно да ги испрати на fotokonkurs@lajka.com.mk.
 
-Можете да го сликате вашиот миленик сам или и вие да бидете дел од самата фотографија.
 
-Повикот трае до 23.12.2022 год. кога ќе бидат објавени среќните добитници.
 
-Ќе бидат избрани 3 најубави фотографии. Секој добитник ќе добие новогодишно пакетче со различни подароци од нашите соработници.
 
-Бидете креативни, откачени, одберете весел, декоративен амбиент, сликајте ги вашите кучиња во домашна атмoсфера или надвор од домот, а ние нестрпливо ќе ги очекуваме вашите фотографии.
 
Со сите фотографии кои ќе учествуваат на овој конкурс ќе биде изработено празнично видео и објавено на 31.12.2022 година, како дел од кампањата ЖИВОТОТ СО МИЛЕНИК Е ПОУБАВ, ВДОМИ КУЧЕ