Вести Магазин Наука и Технологија Свет

Лансиран новиот телескоп на НАСА кој ќе мери Х-зраци

Сподели:

 

Вчера беше лансиран најновиот телескоп на НАСА наречен Imaging X-ray Polarimetry Explorer, или скратено IXPE. Тој во вселената отиде со помош на ракетата Фалкон 9 од  компанијата SpaceX.

Се работи за научен уред или телескоп составен од три идентични телескопи кои се дизајнирани да ја мерат поларизацијата на светлината добиена од Х зраците, кои доаѓаат од големите пространства во вселената како црните дупки или нивната емитација по експлозијата на ѕвездите. Телескопите ќе ја следат и мерат насоката, временското доаѓање, енергијата и поларизацијата на светлината.

„Ни дава информации за некои од најбизарните и возбудливи структури во вселената“, рекол Томас Зурбучен, администратор во НАСА, пренесува New York Times.

Фото: Imaginima, Unsplash

 

Космичките зраци овозможуваат на корисен начин да се набљудува вселената. Досега, се знае дека ниту една друга техника не овозможила ваков внатрешен пристап од научниците. Тоа се случува затоа што Х – зраците можат да се проучуваат само од вселената, бидејќи се апсорбираат во атмосферската обвивка на Земјата.

Детекторот што има сензивитет за одредување на поларизацијата бил воведен и развиен од италијански научници од Националниот Институт за Астрофизика (INAF) и Националниот Институт за Нуклеарна Физика (INFN), по што сателитот е продукт на колаборација меѓу американската вселенска агенција NASA и италијанската вселенска агенција ASI.

Мисијата за создавање на овој сателит беше објавена на 3 јануари 2017 година меѓу НАСА и италијанската вселенска агенција. Телескопот беше понесен во вселената денеска во 1 часот по полноќ по источно време од Кенеди Спејс Центарот во Флорида. IXPE по лансирањето е сместен на 340 милји во Земјината Атмосфера, со помош на ракетата Фалкон 9, која претходно отпатува до вселената и за која е докажано дека може да се користи повеќе од еднаш.

мета.мк

Сподели: