Османи: Загрижувачки тренд на онлајн насилство врз новинарките

Сподели

 

“Загрижувачкиот тренд на онлајн насилство врз новинарките значи напад врз демократските процеси. Мора посветено да работиме на зачувување на безбедноста на новинарите и слободата на медиумите”, изјави министерот Османи на 30. министерски самит на ОБСЕ во Скопје.
 
“Денеска на маргините на Министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје присуствував на настан посветен на изнаоѓање на одговори кои ќе значат прекин на онлајн насилството врз новинарките.
 
Замолчувањето на медиумите го задушува слободниот проток на информации и нашата способност да ги реализираме нашите демократски права и затоа од голема важност е медиумскиот простор да биде отворен и да ги вклучи женските гласови”, изјави Османи.