Вести Македонија Ударни вести

Лекарска комора не може да ѝ ја одземе лиценцата на директорката на Клиниката за кожни болести

Сподели:

 

“Во моментов не може да се одземе лиценца, но постојат други судски инстанци. Имаме законски и подзаконски акти според кои мора да делуваме”, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова.

“Лекарската комора преку своите органи ќе постапи во согласност со важечките законски прописи, имаме Закон за здравствена заштита, Закон за правата на пациентите, Статут, подзаконските акти и веднаш откако ќе имаме одлука јавноста ќе биде информирана.”

-“Во Законот за здравствена заштита не е предвидено дека некој доктор свесно ќе го загрози здравјето на другите, затоа постои Кривичен закон, затоа постојат институции кои ќе се погрижат за тоа. Наше е пред сѐ апелираме до колегите да се придружуваат на препораките на Светската здравствена организација. Комората бара докторите на медицина и другите здравствени работници да ги почитуваат препораките од Светската здравствена организација за заштита од коронавирусот и упатствата во целина.

Заменик-претседателот на Лекарската комора, Елбер Бесими рече дека доколку судските власти донесат соодветна пресуда тогаш Лекарската комора е должна да постапи според одлуките на судот.

-“Комората на својата веб-страница  и фејсбук страната ги објави препораките од СЗО за заштита на граѓаните од коронавирусот и Упатството за поставување на здравствените работници за заштита и во случај за сомневање на коронавирус. Лекарска комора апелира уште еднаш до докторите на медицина и до сите здравствени работници да се однесуваат како што доликува на докторската професија, одговорно и разумно, како и во целост да ги почитуваат дадените препораки, упатства и насоки со цел да се заштити здравјето на граѓаните, како и нивното здравје”, додаде Гривчева Старделова.

 

Сподели: