Лука Трифуновиќ од БК ,,Илинден” на прием кај градоначалникот

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет го прими Лука Трифуновиќ, член на Боксерскиот клуб БК “Илинден”, по повод успешните настапи на меѓународните турнири во бокс, на овој наш млад боксер од општина Илинден.

Во знак на благодарност за несебична помош и поддршка во развојот на Боксерскиот клуб БК “Илинден”, на градоначалникот Георгиевски му беше доделена благодарница, при што тој му посака среќа и многу успешни настапи на младиот боксер. Градоначалникот истакна дека Општината секогаш ги поддржува спортистите и спортските активности и им дава големо значење, доказ за тоа се одржувањето на голем број спортски натпревари во нашата општина.

Младиот боксер Лука има настапувано на повеќе домашни и меѓународни натпревари, каде освојува врвни резултати. Лука неодамна настапи на меѓународниот боксерски турнир “Арена Куп” 2023, каде настапија боксери од Македонија, Косово, Албанија и Бугарија, а тој го освои првото место во својата категорија до 16 годишна возраст.