“Магла” – кураторски проект на Ави Лубин

Сподели

 

“Магла”, кураторски проект на Ави Лубин, проект на Националната галерија на Косово, ко-куратор Ана Франговска, 11 Јуни – 11 Јули, Мала станица.

Проектот „Магла“ е кураторски проект на Ави Лубин, куратор од Израел, во кој учествуваат уметниците: Алберт Алгаер, Газмент Ејупи, Фатмир Мустафа, Луан Бајрактари и Дритон Селмани.

Оваа изложба која е насловена Магла, по првото искуство на кураторот Лубин со Косово, т.е. со маглата на аеродромот кој го отежнал слетувањето, има за цел да одговори на неколку дискурси и тоа: Што значи да се биде делумно признаена држава како што е Косово? Што значи да се биде подрачје во спорот? Кураторот пред себе го имал и фактот што токму неговиот роден Израел е една од земјите кои не го признале Косово за независна држава. Сите овие автори на различен начин, со различен медиум и пристап кон темата го проблематизираат аспектот на себеидентификацијата.