Статуафест и Баскеркараван – Интернационален уличен фестивал Скопје

Сподели

Статуафест и Баскеркараван, Улица Македонија – Плоштад Македонија, 20-22. јуни

Оваа година, Скопје повторно ќе доживее нешто необично и прекрасно. Ви го најавуваме второто, проширено издание на Интернационалниот уличен уметнички фестивал за баскери и живи статуи Статуафест и Баскеркараван. Настапуваат баскери со свои баскер улични настапи од Шпанија, Бугарија, Венецуела, Германија… Статуи и walk by acts ни доаѓаат од Србија, Украина, Бугарија и секако да не ги заборавиме професионалните артисти од нашата земја.
Музичкиот дел ќе ви го откриеме наскоро….
Настанот е под целосно покровителство на град Скопје. Спонзори се Винарска Визба ТИКВЕШ, Меана Б- Јавор Мрзенци, ПАКОМАК, Кафе Бар Живот е Циркус…