Македонска филхармонија: „Midnight conversation“

Сподели

Македонска филхармонија, „Midnight conversation“, 22.декември

Џез-вокалистот Џон Илија Апелгрен и џез-пијанистот Гордан Спасовски ги канат љубителите на добрата музика на концертот насловен „Midnight conversation“!

На 22 декември во Камерната сала на Македонската филхармонија во 20 часот, Апелгрен и Спасовски, пред на новогодишните празници, ќе приредат интимен, тивок перформанс кога ќе прозвучат најубавите композиции од светската џез-литература.

Концертот со пијано и глас, ќе донесе комплексна, но атрактивна и пријатна музика која ќе направи магија за сетилата и ќе ја разбуди имагинацијата.

Џон Илија Апелгрен се смета за еден од најдобрите џез-вокалисти во регионот, со зад себе импресивна кариера на многубројни настапи како солист и со разновидни оркестри и ансамбли, студиски албуми и настапи на фестивали и концерти надвор од земјава. Неговиот придонес за развојот на вокалната џез-сцена во Македонија е несомнено голем. Гордан Спасовски, пак, е пијанист од помладата генерација на џез-музичари во Македонија, кој во водите на џезот влегува под менторство на проф. Илија Пејовски и своето образование го продолжува на џез-одделот на Универзитетот за музика и сценски уметности во Грац, Австрија, каде дипломира со најголеми успеси. Спасовски зад себе има голем број на настапи на европските џез-фестивали, и соработки со значајни џез-имиња.