Македонски филмови “ЗБОР” и “ИЛУЗИЈА” во КИНОТЕКА

Сподели

 

Денес на програмата на Кинотека

10 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 Ч.

ЗБОР, Игран филм, Македонија, 2015, 86 мин., колор, ДЦП

Режија: Слободан Деспотовски

Сценарио: Слободан Деспотовски

Директор на Фотографија: Дејан Димески

Улоги: Сенко Велинов, Диме Илиев, Игор Стојчевски, Катерина Шехтанска, Ана Стојанова, Илбер Муртези, Ванчо Петрушевски, Гоце Тодоровски, Гораст Цветковски, Роберт Велјановски

Наше време. Приказна за Арно, човек без закон и вера. Тој го дал својот збор дека секогаш ќе му помага на својот пријател Горди и тоа го прави на свој крвав начин. Арно познава само еден закон – да си го одржи дадениот збор, единствено нешто по кое, според него, се разликуваат луѓето од животните… Меѓутоа, колку вреди зборот кога се во прашање парите? Многу пари?

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

10 ФЕВРУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 Ч.

ИЛУЗИЈА, Игран филм, Македонија, 2004, 103 мин., колор, 35 мм

Режија: Светозар Ристевски

Сценарио: Светозар Ристевски

Улоги: Владо Јовановски, Марко Ковачевиќ, Мустафа Надаревиќ, Никола Ѓуричко

Во основа на приказната е распадот на едно семејство како резултат на транзицијата и воените дејствија низ која минува Македонија (тоа може да биде и било која друга земја во регионов). Тинејџерот Марко расте во сосем нездрава средина: татко пијаница, мајката одамна изгубила контакт со реалниот свет, сестрата егоист која ги гледа само своите интереси…

Единствената личност која му дава надеж за иднината е професорот по македонски јазик кој го охрабрува Марко да пишува поезија. Но, и оваа ситуација се покажува несоодветна за очекувањата на Марко. Неговото познанство со еден платеник ќе го научи како да го земе законот во свои раце. Во овој филм, семејството и училиштето се користат како метафора за болното општество кое го уништува сето она што било добро и невино во Марко, одземајќи му ги соништата до толкава мерка што момчето, во еден момент, ќе сака да се одмазди.

Награди: 2005 Anchorage International Film Festival, најдобар игран филм.

Возрасна категорија: 12 години, Влезница: 100 денари