Спорт Топ теми Ударни вести

Македонските херои ќе играат на Европското првенство

Сподели:

 

Македонија испиша историја и се пласира на историски Европски шампионат, откако во Тбилиси со погодокот на Горан Пандев победи со 0-1, што беше доволно за триумф. 

“Одигравме одличен натпревар, пласманот на ЕП 2020 е сон на сите нас, пресреќни сме што овој сон сега стана реалност. Јас само сакав да им помогнам на овие момци, ова е фантастична група од млади фудбалери кои го заслужуваат овој успех. Јас дадов се од себе, имам најмногу важни натпревари од сите во репрезентацијата, затоа и седнав со нив, ги советував. Одигравме мирно, не дозволивме да влеземе во еуфорија, особено во второто полувреме бевме одлични“.

Ова се зборовите на капитенот на македонската фудбалска репрезентација и стрелецот на победничкиот гол, Горан Пандев, по историската победа во Тблиси над домаќинот Груџија со коа македонската фудбалска репрезентација оствари историски успех и се пласираше на европското првенство во фудбал кое ќе се одржи идната година.

Голем број познати лице, медиуми, спортисти го честитаа пласманот на нашата селекција, а меѓу нив и официјалната страница на УЕФА ЕВРО 2020. „Македонија се пласира на голем турнир за прв пат во нивната историја“, напишаа од Европската куќа на фудбалот со бројни фотографии од славјето на селекцијата.

Дебитанскиот успех на Македонија ќе биде проследена од 13 милиони следачи на страницата на УЕФА, а уште милиони ќе допрва ќе чујат за подвигот. 

Владата на Македонија одржа седница по победата на Македонија во Тбилиси со 1-0, и реши да ги награди македонските репрезентативци со по 10.000 евра.

„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, напиша премиерот Зоран Заев.

 

Сподели: