Алтернатива Настани Спорт

Првенство во шах за млади на Град Скопје

Сподели:

 

Детскиот културен центар” Карпош” и град Скопје по четврти пат пат во Р.С. Македонија се организатори на првенството во шах за млади.

Првенството ќе се одржи на 04. ноември, со почеток во 10 часот, во Свечената конгресна сала во хотелот Александар Палас.

На натпреварот од основните училиште има пријавено по шест, додека од средните училишта по 3 ученика.

Натпреварот ќе го водат шаховски судии и стручни лица од шаховската федерација на Македонија и шаховскиот сојуз на градот Скопје.

Турнирите се играат по швајцарски систем од 9 кола.Со темпо на игра е 10′ + 05″ по играч (10 мин. со додаток од 05 сек. за секој одигран потег).

На крајот на првенството ќе бидат прогласени по тројца најдобри во три „школски категории“ и најдобра претставничка на понежниот пол во истата.

Победниците ќе бидат наградени со медали, пехари и таблети.Покрај победниците исто така ќе бидат наградени и менторите.

Сподели: