Алтернатива Вести Македонија Настани Ударни вести

МАНУ: Нова веб страница со дигитализирани изданија од Блаже Конески

Сподели:

 

По повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ активно се вклучи во одбележувањето на годишнината на првиот претседател и изработи веб-страница со дигитални изданија на делата на Блаже Конески.

Првите шест тома од целокупните дела на Блаже Конески го опфаќаат неговото книжевно-уметничко и книжевно-научно творештво, односно  Поезија 1, Поезија 2, Препеви, Проза, Есеи и Македонскиот 19 век.

„Иницијатор и раководител на научно-истражувачкиот проект на МАНУ „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ беше академик Милан Ѓурчинов, а е раководен од академик Катица Ќулавкова.

Дигиталните верзии на објавените томови од „Критичко издание на целокупните дела на Блаже Конески“ од страна на МАНУ  можат да се користат единствено за научни цели, се наведува во соопштението на МАНУ. 

Сподели: