Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Маричиќ: Ќе се донесе Закон за попис и ќе се спроведе во 2021 година

 

Министерот за правда Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција изјави дека до крајот на годинава ќе биде донесен закон за попис, кој ќе претрпи мали измени во однос на претходното решение кое беше во собраниска процедура пред изборите и тоа во делот на одредбата за стапување во сила, за пописот да може да се одржи во април 2021 година пред локалните избори.

“Ние имаме цврста определба и коалициски договор за спроведување на пописот идната година. Тоа е впрочем и дел од коалицискиот договор меѓу Коалицијата „Можеме“ и ДУИ. Законот беше доставен во Собранието пред изборите, како Влада повторно ќе го предложиме во собраниска процедура, ќе има измени во роковите бидејќи оригинално кога беше предложен требаше да стапи во сила година дена откако ќе биде донесен. Сега нема време за толку чекање бидејќи за година дена отприлика ќе бидат локалните избори. Определба на Владата и на ДЗС е пописот да се спроведе пред локалните избори” – изјави Бојан Маричиќ и додаде дека дека до крајот на годината ќе биде донесен закон за да може во април 2021 година да биде спроведен пописот.

 

Сподели: