Маричиќ: Судските такси за физички лица се намалуваат за 7 пати

Сподели

 

“На денешната седница Владата одлучи да ја предложи измената на Законот за судските такси со која максималната судска такса за физичките лица се намалува за седум пати (Од 48.000 денари на 6.000 денари). Работиме во интерес на граѓаните за да ја направиме правдата подостапна”, напиша на својот ФБ профил, министерот за правда Бојан Маричиќ.