Филипче: Платена пракса за лекари-практиканти од 30.000 денари

Сподели

 

 

“51 млад лекар почнува со работа на инфективните одделенија и клиники за третман на пациенти со Ковид-19. Новите лекари ќе бидат ангажирани со договор на дело со 30.000 денари месечно платена пракса. Ова е еден од процесите којшто ќе им овозможи да се чувствуваат добредојдени во здравствениот систем во нашата земја, да бидат стимулирани со соодветна финансиска надокнада, добро да се едуцираат и да постигнат ниво на знаење. Се радувам што младите лекари ја гледаат својата иднина во јавното здравство и активно придонесуваат во креирањето на здравствените политики” – изјави министерот за здравство, Венко Филипче, на својот официјален фб профил.