Матуранти, млади возачи – почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот

Сподели

 

Во периодот кој следи, традиционално се враќаат прославите на матурските вечери. Матурантите од целата држава ќе заблескаат во рувото на  нивната младост и зрелост.
 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на својата кампања ,,Матуранти – млади возачи, почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот”, во соработка со Министерството за внатрешни работи, организираат едукативни предавања во сите средни училишта во Република Северна Македонија.

Целта на предавањата е да се потсетат матурантите на последиците  од несовесното управување со возило и да им се укаже да бидат крајно внимателни доколку за матурската вечер се одлучат да седнат позади воланот. Тука би го додале и податокот дека поголемиот дел од средношколците  немаат ниту возачка дозвола.

РСБСП и МВР  секогаш, а посебно во овој период на годината  упатуваат  апел до сите матуранти: ,,За време на матурските прослави  не конзумирајте прекумерно количество на алкохол,  не користете автомобили, а доколку ги користите, бидете крајно внимателни, се со цел поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот!”