Меѓународен „Мобил Фестивал 2019“

Сподели

 

Меѓународниот фестивал за филмови „Мобил Фестивал“ снимени со мобилен телефон, објавува отворен повик за пријавување филмови за 10. издание, чија финална вечер со прогласување на победниците ќе се одржи на 6-ти декември во Скопје во Кинотека на Северна Македонија.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а истите претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил Фестивал“. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување – 20 ноември 2019 година. Филмовите можете да ги пријавите на следниот мејл mobifestkonkurs@gmail.com.

Организатор на „Мобил Фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“.