Меѓународна ликовна колонија – „Вевчански видувања 2017“

Сподели

 

Изложбата на слики од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2017“ ќе биде отворена вечер во НЛБ Галерија, во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, компанијата „ВИА“ – Вевчани и НЛБ Банка а.д. Скопје.

На изложбата ќе бидат претставени дела на еминентни ликовни уметници учесници на Колонијата, односно на Одил Кортет (Франција), Сајед Дарвиш (Египет), Жакелин Делакрос (Франција), Хо Ми Ан (Виетнам), Александар Белугин (Русија), Александар Шеболдаев (Русија), Светлана Соло Орлова (Русија), Олга Панкина (Русија), Олга Антоненко (Украина), Јасна Вишниќ (Србија), Божидар Дамјановски (Србија), Марјана Гоџабелиу (Албанија), Мустафа Арапи (Албанија), како и на Петар Попчев, Станко Ѓорѓиев, Атанас Атанасовски, Павле Кузманоски, Доне Миљановски, Ставре Димитров – Стадим, Данчо Ордев, Живко Поповски, Антони Масневски и Ниче Василев, од Република Македонија.

На овој настан свои пригодни обраќања ќе имаат дел од уметниците-учесници на Колонијата, ќе биде промовирана краткомтеражната видео проекција за активностите на Колонијата во годината што изминува и ќе бидe промовиран каталогот „Пресликана природа“ во кој се содржани критички осврти и приказ на уметничките дела на сликарите во 2017 година.