Здравје Магазин

Метереопатијата – болест на денешницата

Сподели:

ilustracija-vreme-foto-shutterstock-1444649548-760245

Метереопатија е болест која се јавува како последица на влијанието на метеоролошките фактори врз здравјето на луѓето од сите возрасти.

 Кога се менува времето се чувствувате уморни, лошо расположени, понекогаш имате болки во зглобовите и нервозни сте. Не толку одамна метеоропатијата се сметаше дека е имагинарен проблеми, а денес се смета дека е сериозен здравствен проблем. Според статистиката 30% па дури и до 70% од луѓето страдаат од некој вид метереопатија. Овие луѓе се жалат на различни видови на здравствени нарушувања  кои ги попречуваат нивните секојдневни активности.

Проблемот е во нашата несоодветна адаптација на промени на метеоролошките фактори. Секако, начинот на живот главно во затворен простор , кој вклучува вештачка животната средина, ја намалува способноста на адаптација на надворешните временски услови. Поради тоа, се предвидува дека метеoропатијата може да стане една од главните болести на модерното живеење.Тоа е болест која се јавува од влијание на метеоролошките фактори, меѓу кои промени во температурата, влажноста и воздушниот притисок, ветер, дожд, грмотевици и јонизацијата. Тоа влијае на луѓето од сите возрасти, од мали деца до постари лица, претежно средната возраст, особено жените.

concept of a head pain with lightnings

Метереопат е лице кое реагира негативно на ефектот на промени на временските услови. Обично 24 до 48 часа пред да се промени времето се јавуваат симптомите на оваа болест: главоболка, вртоглавица, депресивно расположение, проблеми со концентрацијата, слабост, замор, болка и чувствителност во мускулите и зглобовите, промени во расположението. Ваквата состојба обично трае еден ден или два . Од влијание на промени на времето особено страдаат хронично болните. Со стабилизација на времето и симптомите исчезнуваат, но повторно се враќаат со новите промени на времето.

Сподели: