Мицкоски со честитка по повод почеток на светиот месец Рамазан

Сподели

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на граѓаните на Република Македонија од исламска вероисповед им го честиташе почетокот на светиот месец Рамазан.

“Ви посакувам од срце светиот месец Рамазан да го поминете во добро здравје Вие и Вашите семејства и нека вашите домови и срца бидат исполнети со радост, среќа, спокој и мир.

Светиот месец Рамазан оваа година нека помине во благосостојба и милосрдие, но и молитви и верба дека заедно ќе ги пребродиме предизвиците на ова темно време.

Љубовта кон ближните и хуманоста кон посиромашните нека биде водилка која ќе го води човекот и сега и во иднина, како во врска со справувањето со здравствената криза, така и кон градењето на подобра иднина на идните генерации.

Секој со свој личен пример и одговорен однос нека даде свој придонес во заштита на својот и животот на своите ближни, но истовремено да покажеме како и низ вековите наназад дека со заемно почитување и заедничко разбирање можеме да работиме за доброто на нашиот заеднички дом, нашата заедничка татковина Република Македонија.

Нека е лесен и благословен Вашиот пост. Нека е честит светиот месец Рамазан.”