Русија се заканува со блокада на „Facebook“ наредната година

Сподели

Руската Федерална служба за надзор на комуникациите се закани дека ќе ја блокира социјалната мрежа „Facebook“ (Фејсбук) следната година, доколку компанијата не ги почитува руските закони за интернет, пренесе АА.

Александар Жаров, директор на руското регулаторно тело за медиумите „Роскомадзор“, изјави дека ќе работи на усогласување на „Facebook“ со Законот за чување на личните податоци.

Законот за интернет во Русија наложува странските компании до властите да ги достават личните податоци на корисниците, за што многумина ги критикуваа.

Жаров рече дека руската Влада го разбира фактот дека Фејсбук е „единствена платформа“, но предупреди дека нема да има никакви исклучоци и оти следната година ќе мора да го блокира „Facebook“ ако американската компанија не го почитува законот.