МКЦ во Софија и ФДУ ќе промовираат книги од Сашо Кокаланов и од Пламен Тотев

Сподели

 

Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, Факултетот за драмски уметности од Скопје и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово и во Скопје ќе ги промовираат книгите „Среќните луѓе не слават родендени“ од македонскиот автор Сашо Кокаланов и „Животот на литературната класика“ од бугарскиот автор Пламен Тотев.

На 11 јануари 2024 година со почеток од 19:00 часот во Малата сала на Центарот за култура во Куманово, литературните дела ќе бидат претставени од Петар Андоновски, Стојан Синадинов и Сашко Насев.

На 12 јануари, пак, во истиот термин во бифето на ФДУ, промотори на книгите ќе бидат Петар Андоновски, Нове Цветаноски, Сашко Насев и Стојан Синадинов.

Промоциите на делата ќе се одржат во присуство на двајцата автори –  Сашо Кокаланов и Пламен Тотев.