„Патување низ звуците“ – концертна вечер во Истанбул

Сподели:

Македонскиот културен центар во Истанбул на 23 септември, со почеток во 19 часот, ќе биде домаќин на концертната вечер „Патување низ звуците“.

Пред истанбулската публика ќе настапат сопранот Дајана Малолари Пајазити, виолинистот Шкелзен Пајазити и пијанистката Едита Руси. На програмата се дела од Тодор Скаловски, Антонин Дворжак, Винченцо ди Кјара, Франц Лехар, Јохан Себастијан Бах, Родолфо Фалво и Дмитриј Шостакович.

Тројцата уметници зад себе имаат богато концертно искуство, многубројни настапи и признанија на домашни и на меѓународни фестивали и натпревари.

Концертот е замислен како музичко патување низ различни епохи и стилови, а претставува и можност за промоција на македонската музичка уметност пред истанбулската публика.

Сподели: