Ова е пиеса за човекот и светот, во кој животот е денес!
Ова е пиеса за театарот и уметноста како „зона“, во која бараме спас.
За патот кој го минуваме, патот од почеток до крај. Ова е пиеса за тоа колку сме луѓе. Да сме добри, нежни внимателни еден кон друг! Ова е пиеса за љубовта! Љубовта еден кон друг, љубовта кон луѓето, љубовта кон животот. Љубовта кон светот во кој живееме. Љубовта кон театарот, без кој не можеме. Ова е пиеса за верата во Бога! За тоа како е подредена Вселената таква каква ја создал Бог! Ова е пиеса во која сме ние: Сашко Насев, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ и јас- Владлен. Затоа што ние сме луѓе и го сакаме овој живот , оваа Земја, овој Свет.
Сценограф – Крсто Богојевски
Костимограф – Кети Пауновска Стефковска
Визуелизација – Емил Пачковски
Дизајн на плакат – Мартин Давитковски
Продукција на видео – Никола Поповски
Драматург – Симона Тоскиќ
Светло мајстор: Звонимир Мицевси
Тон мајстор: Оливер Илиевски
Суфлер: Виктор Величковски.
