Алтернатива Настани

МНТ: Претстави од Иван Поповски и рускиот театар „Фоменко“

Сподели:

Во Македонскиот народен театар од утре до 23 септември ќе гостува театарот „Мастерскаја П. Фоменко” од Москва со три претстави на македонскиот театарски режисер Иван Поповски кој работи во тој театар и повеќе од 25 години живее и работи во Москва.

По прв пат во Македонија три спектакли од режисерот Иван Поповски на сцената на МНТ:
– Алиса зад огледалото (7+) – 16 и 17 септември
– Отровната туника – 19 и 20 септември
– Сон на летната ноќ – 22 и 23 септември

“Сѐ повеќе си мислам дека ќе дојде време кога театарот ќе биде тоа место каде што луѓето ќе можат да бидат самите со себе, тогаш можеби нема да има потреба од други димензии, може ќе треба да зборуваме за многу едноставни работи. И нема да се плашиме од моментот дали ѝ е досадно на публиката.”  Иван Поповски

Сподели: