Алтернатива Настани

МОБ: Гала оперски концерт и „БОЛЕРО“ – М. Равел

Сподели:
 
Македонска опера и балет, ГАЛА ОПЕРСКИ КОНЦЕРТ и „БОЛЕРО“ – Морис Равел (балетска претстава), 22.јануари со почеток во 20 часот
 
Диригент: Бисера Чадловска
Солисти:
Сандра Митровска – сопран
Катерина Стојановска – сопран
Ѓорѓи Цуцковски – тенор
Марјан Јованоски – баритон
Програма:
1. Ж. Бизе: Антракт од операта „Кармен“
2. Ж. Масне: Арија на Вертер од операта „Вертер“ – Ѓорѓи Цуцковски
3. Ф. Чилеа: Арија на Адријана Лекуврер од операта „Адријана Лекуврер“ – Сандра Митровска
4. У. Џордано: Арија на Жерар од операта Андреa Шениер – Марјан Јованоски
5. Џ. Пучини: Арија на Мими од операта „Боеми“ – Катерина Стојановска
6. Џ. Пучини: Арија на Каварадоси од операта „Тоска“ – Ѓорѓи Цуцковски
7. Џ. Верди – Арија на гроф Луна од операта „Трубадур“ – Марјан Јованоски
8. А. Дворжак: Арија на Русалка од операта „Русалка“ – Катерина Стојановска
9. Џ. Пучини: Арија на Чо Чо Сан од операта „Мадам Батерфлај“ – Сандра Митровска
10. Ф. Лехар: Дует на Хана и Данило од операта „Веселата вдовица“ – Катерина Стојановска и Ѓорѓи Цуцковски
Инспициенти: Љупчо Полизов, Драган Костадиновиќ, Марко Павлевски
 
Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од Морис Равел, во кореографија на Саша Евтимова, подготвена во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.
Настапува: Женски балетски ансамбл, Катерина Стојановска – сопран и Оркестарот на Националната опера и балет.
Диригент: Бисера Чадловска
Концерт мајстор: Јане Бакевски
Кореограф: Саша Евтимова
Костимограф: Марија Пупучевска
Светло дизајн: Милчо АлександровНастанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести.

Задолжително е носење на заштитна маска.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита. 
Сподели: