„Мобил Фестивал 2017“ – пријавување филмови снимени со мобилен телефон

Сподели

Меѓународниот фестивал за филмови снимени со мобилен телефон „Мобил Фестивал“ објавува отворен повик за пријавување филмови за осмото издание, кое ќе се одржи од 10-ти до 18-ти ноември во Скопје.

Право да се пријават имаат сите филмови кои се снимени со мобилен телефон кои не се подолги од 10 минути, а истите претходно не биле пријавени на претходните изданија на „Мобил Фестивал“. Во конкуренција влегуваат сите филмови кои ќе пристигнат до крајниот рок за пријавување – 1 ноември 2017 година. Филмовите можете да ги пријавите на следниот мејл mobifestkonkurs@gmail.com.

Селектираните филмови ќе влезат во конкуренција за следните награди:

-Награда за најдобар филм „Ратка Илиевска- Лале“,

-Награда за најинвентивен филм

-Награда за најоригинална приказна

-Награда за најдобра идеја

-Награда за најдобар филм во домашната програма Млади Таленти

Најдобрите филмови ќе бидат прикажани во натпреварувачка програма на Интернационалните фестивали кои се во мрежата фестивали за филмови снимени со мобилен телефон, а се во партнерство со „Мобил Фестивал“.

Организатор на „Мобил Фестивал“ е продуцентската куќа „КТ Филм и Медиа“. Фестивалот е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија и од градот Скопје.

Повеќе информации на http://www.mobilefestival.net/.