„МОРЕ ОД ПРИКАЗНИ“ – Летен Фестивал на книгата во ТРИ!

Сподели

 

Издавачки центар ТРИ од денес започнува уште едно издание на Летниот фестивал на книгата, настан кој ги слави книгите и читањето и ја отвора сезоната на попусти, акции и примамливи понуди од изданијата на ТРИ и Паблишер.

Оваа година слоганот на фестивалот е „МОРЕ ОД ПРИКАЗНИ“, кој ја нагласува важноста да се биде релаксиран во летниот период, кој оваа година е поинаков за сите нас.

Книжарниците на ТРИ во Дебар Маало, ГТЦ и ТЦ Зебра ќе бидат совршено прибежиште за сите вљубеници во книгите во жешките летни денови. Сигурни сме дека фестивалската понуда нема да остави никого рамнодушен и дека ќе бидете дел од Фестивалот на ТРИ.

Нурнете се во нашето море од приказни и уживајте и ова лето во совршени книги – патувања!

Линк до Фестивалскиот каталог – https://bit.ly/2ARrBjB

Целата фестивaлска понуда погледнете ја тука – https://bit.ly/2YmOHrh