„Музиката и градот“ – концерт на Филхармонија

Сподели

 

 
Во четврток, на 18. март, со почеток од 19 часот, оркестарот на Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Музиката и градот“ на кој премиерна изведба ќе доживее електроакустична симфониска поема „Скопје“ од македонската композиторка Ана Пандевска. 
 
На програмата се и „Фантазија за обоа и оркестар на фолк тема“ од Васил Атанасов В’чев (кој ќе настапи и како солист на обоа), Адаџето од Малер и „Роденденот на една инфантка“ од Шрекер. Диригент е Тимоти Редмонд од Велика Британија.